Викендов започнува новата сезона во англиската Премиер лига, а пред почетокот на истата зборуваше Марсело Биелса, една од темите на искусниот стратег беше заминувањето на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.
Алиоски не се договори со Лидс за продолжување на соработката и на крајот се пресели во Саудиска Арабија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тажен сум поради заминувањето на Алиоски. Секако поради фудбалскиот фактор, но посебно поради „човечкиот“. Кон него имам голема почит и занм дека сакаше да продолжи со нас и клубот сакаше да го задржи. Се водеа преговори, на крајот пресудни беа финансиите. За жал не се најде договор и тоа е тоа“, изјави Биелса.
Лидс сезоната во Премиер лигата ја отвара со натпреварот против Манчестер Јунајтед.