Шпанските медиуми пренесуваат дека „кралевите“ одлучиле да го стават Герет Бејл на трансфер листа, и дека Флорентино Перез се согласил со мислењето на Зидан дека Велшанецот не им е повеќе потребен во тимот.
Најголем проблем се честите повреди на Бејл, па кога ќе се погледне статистиката во своите 5 сезони во Мадрид, Велшанецот имал 18 повреди и пропуштил дури 66 натпревари. Медиумите тврдат дека Реал со секоја сезона влегува знаејќи дека Бејл ќе отсуствува на една третина од натпреварите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Перез веќе донесол одлука и ова ќе биде последната сезона за Бејл на „Сантиаго Бернабеу“.Но, она што изненадува е цената која ја поставиле „кралевите“ за неговата слобода.
Имено, Реал е спремен да го продаде Велшанецот за „само“ 120 милиони евра. Најсериозен кандидат за неговиот потпис е секако Манчестер Јунајтед.