Дома Топ вести Бејл му се повери на својот соиграч, дали е ова почетокот на крајот?!

Бејл му се повери на својот соиграч, дали е ова почетокот на крајот?!

Фудбалерот на Реал, Герет Бејл му се повери на еден свој пријател во соблекувалната, Лука Модриќ и како што е наведено е подготвен да го напушти „кралскиот клуб“.

Шпански, Дон Балон донесе ексклузивна информација дека Бејл преку „Whatsapp“ се допишувал со Хрватот и му најавил заминување од клубот, бидејќи не е задоволен од третманот од страна на Флорентино Перез.

Бејл е лут на првиот човек на клубот кој има намера да го донесе Мбапе ова лето, а тоа би значело дека за Велшанецот нема да има место во екипата.

Бејл е незадоволен и од статусот кај Зидан затоа што го нема статусот на „недопирлив“ како Роналдо и Бензема и единствен е во нападот кој може да го загуби местото во тимот, што се покажа во финишот на сезоната кога се играше во формација 4-4-2.

Јасно е дека целата оваа ситуација ја следи Манчестер Јунајтед и дека тоа е клубот кој во моментов би сакал да го донесе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дембеле му одговори на Мбапе и ја заостри трката за „Златната топка“

Напаѓачот на ПСЖ се согласи со тврдењето на ѕвездата на Реал дека низ кариерата го доживув…