Дома Трансфер зона Бејл донел одлука за продолжувањето на кариерата

Бејл донел одлука за продолжувањето на кариерата

Герет Бејл донел одлука за продолжување на кариерата после една сезона помината на позајмица во Тотенхем каде што го испрати Реал Мадрид.

Се споменуваше преминување во МЛС, се пишуваше за можна пензија, но велшкиот репрезентативец и следната година ќе биде во шпанскиот клуб со кој има договор до летото 2022.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Заминувањето на Зидан и доаѓањето на Анчелоти на клупата на Реал претставува можност за нов почеток затоа што токму италијанскиот стратег го доведе во клбуот во 2013 година.

Не е непознато дека Реал сака да се ослободи од Бејл пред се поради астрономската плата од 600.000 фунти неделно. Сепак изгледа Велшанецот сака да го крај да го одработи договорот.

Бејл за Реал Мадрид одигра 251 натпревари и оствари учинок од 105 голови и 68 асистенции. Со клубот освои 13 трофеи од кои четири во Лигата на шампионјите и два во шпанското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…