Дома Фудбал Бејл го спаси Велс од пораз🎥

Бејл го спаси Велс од пораз🎥

САД и Велс одиграа реми (1:1) и освоија по еден бод во  својот прв натпревар на Светското првенство.

Американците беа подобар противник во првото полувреме, не создадоа многу шанси, но ја контролираа играта.

Од првата сериозна шанса постигнаа гол за водство. Пулишиќ одлично го проигра Веа, кој беше прецизен и погоди за 1:0, резултат со кој се замина на полувреме.

Велс во вториот дел се обидуваше да дојде до гол, а тој стигна во 82-та минута кога Бејл беше прецизен од белата точка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го меркаше, Рома го доби: Зошто пропадна планот за Мален?

Дониел Мален вечерва ќе го предводи нападот на Рома против клубот што го посакуваше во јан…