Пред два дена се појави вест дека Арјан Адеми е на мета на шпански Бетис, меѓутоа изгледа дека македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо ќе остане во хрватскиот клуб и во пролетниот дел од сезоната.
Бетис за ангажман на Адеми на Динамо му понудил сума од 6.5 милиони евра и тоа не била сума која што ги задоволувала апетите на „модрите“. Понудата на зелено белите експресно била одбиена и добиле одгововор дека нема да да преговараат за помалку од 10 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Адеми после суспензијата игра одлично и е еден од најважните играчи на Динамо, но во последно време проблем му прави повредата на стапалото поради која ќе ги пропушти подготовките на Динамо.
Во двете недели додека се во тек подготовките на Динамо Адеми ќе работи по посебна програма со цел комплетно да ја санира повредата. За нас ќе биде најважно да биде во топ форма за натпреварот на 26. март во Скопје против Косово.