Дома Фудбал Италија Бесни навивачи се собрале пред домот на Заниоло, фудбалерот викнал полиција

Бесни навивачи се собрале пред домот на Заниоло, фудбалерот викнал полиција

Николо Заниоло иако има само 23 години за кратко успеа од миленик да стане непријател со фановите на Рома.

Заниоло отворено побара да си заиме од клубот, но кога „волчицата“ се договори со англиски Бормут тој ја одби понудата затоа што тоа не бил клуб од рангот во каков што сакал да игра.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Навивачите се бесни на Заниоло затоа што тој цели две сезони пропушти поради повреди, а до тогаш не играше и клубот му исплаќаше плати без тој да има никаков ефект во играта. Сега кога е спремен да игра бара да си замине и прави проблеми.

Ваквата ситуација ги налути навивачите кои се собраа и пред неговата куќа. Повеќе ултраси пред домот во кој живее фудбалерот го нарекувале „Го*но“ и му испраќале пораки дека не е пожелен.

Ситуацијата не поминала за кратко па Заниоло се одлучил да повика полиција која ги избркала гневните фанови.

Дали ќе замине до крајот на преодниот рок кој завршува утре не е познато, но како и да е веројано повеќе за Рома нема да заигра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…