Јувентус вчера тешко дојде до реми со Севиља (1:1) во првиот натпревар од полуфиналето во Лига Европа, своја вечер немаше српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.
Влаховиќ пропушти неколку прилики, а Алегри го замени со Полјајкот Аркадиуш Милик. Камерите при излегувањето од теренот го забележаа бесот на Влаховиќ, а денес италијанските медиуми имаат дополнување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наводно, Влаховиќ одбил да се ракува и со тренерот на Алегри затоа што сметал дека не треба да биде заменет.
На сето тоа се додава дека Јувентус поради лошата форма размислува да го продаде Влаховиќ во летниот преоден рок.