Мали се шансите Барселона ова лето да го доведе Бернардо Силва, откако Манчестер Сити за неговата слобода бара 90 милиони евра, пренесуваат медиумите на Островот.
Португалецот има договор со Манчестер Сити за уште три сезони, па тоа доплнително ги комплицитра преговорите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бернардо Силва сака да се пресели на „Камп Ноу“, но Барселона има финансиски проблеми да го реализира трансферот. Каталонците дури бараат да прифати помала плата при евентуален трансфер.
Гвардиола изјави дека не сака да ги задржува играчите кои не сакаат да останат, но раководството за слободата на Силва бара 90 милиони евра.
Таа сума е превисока за Барселона дури и ако го продаде Френки де Јонг, па поради тоа медиумите тврдат дека овој трансфер изгледа како „невозможна мисија“.