Дома Фудбал Останато Бербатов за тренинзите во Јунајтед: Не сакав да играм против Видиќ, сите ги „шутираше“

Бербатов за тренинзите во Јунајтед: Не сакав да играм против Видиќ, сите ги „шутираше“

Бугарскиот напаѓач Димитар Бербатов помина неколку одлични години во дресот на Манчестер Јунајтед, за „црвените ѓаволи“ тој настапуваше од 2008 до 2012 година.

Сега Бербатов се потсети на деновите поминати во англискиот гигант. Тој призна дека на тренинзите најтешко му било со Немања Видиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Трансферот во Манчестер Јунајтед беше врвот за мене. Играчите беа како џинови, на моменти ти изгледаа застрашувачки. Ако не знаете да се одбраните можеше да биде лошо за вас. Некогаш Браун ќе ме „шутнеше“, а јас ќе му кажев „добро што ти е по ѓаволите? Видиќ сите ги „шутираше“. Кога го гледаш ти изгледаше дека си мисли: „Баш ми е гајле кој си, ќе си добиеш ќотек“. Не сакав да играм против него. Некогаш ќе му кажев „брат можеш ли да олабавиш малку“. Џабе беше се, таков беше неговиот карактер. Но, иако беше тешко тоа беше одлично време“, изјави Бербатов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…