Дома Фудбал Останато Бенитез: Не преминав во Кина поради пари

Бенитез: Не преминав во Кина поради пари

Шпанскиот стратег Рафаел Бенитез истакна дека не можел да и верува на управата на Њукасл и дека тоа е единствената причина поради која го напуштил клубот.

Во понеделникот генералниот директор на премиерлигашкиот тим Ли Чарнли изјави дека Бенитез не сакал да ја продолжи соработката со Њукасл и дека во Кина преминал само поради пари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе денес пристигна одговор од искусниот стратег.

„Луѓето во Њукасл зборуваат за причините за мојот трансфер во Кина, но не знаатш то се случуваше зад завесите во последните три години. Не сакав многу да зборувам, се обидувам да ги охрабрам навивачите да застанат зад Стив Брус и неговиот тим. Сепак, слушнав што Ли Чарнли зборува и би требало да го решиме тоа прашање“.

„Во Њукасл дојдов во 2016 година и секој ден давав се од себе. Останав кога клубот испадна во Чемпионшип. Одбив поголеми понуди од оваа која ми ја понуд Далијан. Ако сакав да заминам поради пари ќе го направев тоа многу порано. Управата на Њукасл имаше еедна година да го реши прашањето во мојот договор. На крајот понудија нешто кое не можев да го прифатам. Ми кажаа дека не сакаат да вложуваат во академијата или тренинг центараот, сакаа да доведат млади играчи. Тогаш знаев дека нема да добијам добра понуда. Всушност ми ја понудија истата плата како три години претходно со помалку контрола над доведуањето на играчи. Во текот на трите години даваа ветувања кои не ги исполнуваа и повеќе не можев да им верувам“, објасни Бенитез.

Ќе потсетиме на Шпанецот со Њукасл договорот му истече ова лето. Бидејќи не се договори за продолжување тој одлучи да ја напушти Премиер лигата и кариерата да ја продолжи во Далијан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…