Дома Фудбал Останато Бенитез: Лага е дека јас сум го учел Роналдо како да шутира слободни

Бенитез: Лага е дека јас сум го учел Роналдо како да шутира слободни

Поминаа скоро пет години откако Рафа Бенитез беше именуван за тренер на Реал Мадрид. Шпанецот не се задржа долго и клубот го напушти после само неколку месеци.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Денес Бенитез работи во Кина и се потсети на некои моменти од Реал. Јавноста и денес ја интересираат некои работи од тој период. Во тоа време се зборуваше дека Бенитез своевремно го учел Роналдо да изведува слободни дуар.

Сепак, Шпанецот сега го демантираше тоа.

„Лага е дека сум го учел Роналдо да изведува слободни. Во ниту еден момент не се случило нешто такво. Само еднаш разговаравме за слободните удари во текот на припремите во Австралија. Му кажав дека анализиравме како ги изведува во Манчестер Јунатед. Не му кажував како треба да ги изведува“, изјави Бенитез.

Бенитез потенцираше и дека во клубот донел играчи кои денес се важни за Реал.

„Во Реал ги доведов Лукас Васкез, Касемиро и Матео Ковачиќ. Двајца од нив тројца се уште се важни членови на клубот“, потсети шпанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Подобар од Фернандеш: Манчестер Јунајтед договара еден од најдобрите фудбалери за врска во светот

Манчестер Јунајтед беа поврзани со бројни фудбалери за средината во летниот трансферен пер…