Дома Фудбал Бенитез: Знам зошто Клоп го напушта Ливерпул. Имам информации од внатре

Бенитез: Знам зошто Клоп го напушта Ливерпул. Имам информации од внатре

Ливерпул официјално објави во петокот, 26 јануари, дека Јирген Клоп, еден од најуспешните тренери во историјата на клубот, ќе се повлече од тренерската функција на крајот на сезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Германецот на тој начин ќе помине вкупно нешто помалку од девет години на клупата на клубот од „Енфилд“ во кои освои се што можеше.

Оваа вест беше шокантна за многумина, но шпанскиот стручњак и поранешен тренер на Ливерпул, Рафа Бенитез вели дека не е изненаден од одлуката на Клоп.

“Имам една предност, а тоа е што имам луѓе во Ливерпул и внатре во клубот. Знам горе-долу што се случи.

Имам информации од внатре. Клоп му даде шанса на клубот да се реорганизира. Исто така, таков потег им одговара на Германци затоа што навреме информираат.

Така да не сум шокиран. Можам само позитивно да зборувам за Клоп. Ние сме пријатели и имаме добри односи.

Работи и направи неверојатна работа. Се што можам да кажам за него и за Ливерпул е позитивно“, изјави Бенитез, кој со Ливерпул освои четири трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез најави кога ќе активира „бомба“ за Реал Мадрид – доаѓа големо име во шпанскиот гигант

Флорентино Перез откри дека ќе го објави „првото големо засилување за следната сезона“ на …