Дома Фудбал Останато Бензема: Само еден е рамо до рамо со Меси, тоа не е Роналдо

Бензема: Само еден е рамо до рамо со Меси, тоа не е Роналдо

Францускиот фудбалер, Карим Бензема одлучи да даде интервју за шпанските медиуми во кое зборуваше за многу работи.

Бензема откри дека неговиот однос со Мурињо е нарушен од денот кога Португалецот го споредил со мачла, но исто така стави акцент на тоа како се чувствува што веќе некое време не игра за репрезентацијата. Напаѓачот на Реал Мадрид зборуваше и за сегашните, но и некогашните соиграчи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој напаѓач зборуваше за својот некогашен соиграч од Лион, Бен Арфа кој моментално настапува во дресот на ПСЖ. Бен Срфа на „Паркот на Принцовите“ пристигна по фантастичната сезона во Ница, но не се наигра. Бензема призна дека му е жал што неговиот пријател минута низ тежок период бидејќи знае за каков играч се работи.

„Бен Арфа има талент како оној на Лионел Меси, тој е рамо до рамо со него и е единствен што се однесува до квалитеот. Ме боли кога ќе бидам во каква ситуација е во ПСЖ. Се надевам дека тоа ќе се промени, бидејќи изгледа ПСЖ се уште не знае каков мајстор поседува во екипата“, истакна Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Босански голман го збесна Роналдо: Португалецот не постигна гол од седум зицери

Фудбалерите на Ал-Насра го победија Ла-Калееј на гости во 29. коло од Саудиската Про лига …