КАРИМ БЕНЗЕМА (35) брилијантно го реши вториот натпревар за саудискиот Ал Итихад.
Откако постигна гол и асистенција во првата победа над туниски Есперанс (2:1) во Купот на арапските шампиони, во истото натпреварување постигна многу убав гол за победа од 1:0 против исто така тунискиот клуб Сфаксиен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бензема ја прими топката со десна на десетина метри дијагонално од голот со грбот кон противничкиот гол.
После тоа, без да чека топката да падне на земја, повторно шутираше со десната нога и ја погоди мрежата.
Успеа иако шутираше без да гледа и опкружен со четворица противници.
Бензема пред еден месец се пресели во Ал Итихад како слободен играч. Во Саудиска Арабија потпиша тригодишен договор за 200 милиони евра годишно.
Al Ittihad [1] – 0 CS Sfaxien / 2023 Arab Club Champions Cup / 2nd GS match (Group A) / 63’ Karim Benzema
by u/Elite_VRTX in soccer