Продолжува сагата околу заминувањето на Карим Бензема од репрезентацијата на Франција.
Откако беше објавено дека Бензема не бил повреден пристигнуваа разни информации, а сега се огласи агентот на Бензема, Карим Џазири кој објави и видео доказ дека повредата на Бензема не била толку сериозна за тој да го пропушти Мундијалот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ова го објавив откако се консултирав со тројца специјалисти и сите ми потврдија дека Бензема можеше да биде спремен уште во осминафиналето.
Зошто побаравте да си замине? Првата дијагноза беше да мирува три недели, но тој се опорави за само десет дена и беше спремен да се приклучи на соиграчите бидејќи остана на списокот, но Дешамп му кажа „ти не мора да дојдеш“.
Бензема ќе потсетиме по завршувањето на Светското првенство објави дека се повлекува од репрезентацијата на Франција и уште тогаш беше јасно дека нешто се случува.
Je pose ça là mais avant ça j’ai consulté 3 spécialistes qui confirment le diagnostic que @Benzema aurait pu être apte à partir des 1/8 éme pour au moins être sur le banc ! Pourquoi lui avoir demandé de partir si vite ? pic.twitter.com/wtOHhDeDVW
— Karim Djaziri (@KDjaziri) December 26, 2022