Дома Фудбал Бартомеу порача: Ќе заминам, ако Меси јавно каже дека останува!

Бартомеу порача: Ќе заминам, ако Меси јавно каже дека останува!

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу е спремен да си поднесе оставка ако тоа го предомисли Лионел Меси да остане на „Камп Ноу“.

Медиумите во Шпанија и порано известува дека Бартомеу е спремен да си замине во случај Меси да каже дека ќе остане во Барселона, а сега дојде и официјална потврда од претседтелот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Аргентинецот пред два дена и официјално побара од клубот да го раскине договорот и да ја напушти Барселона после цели 20 години, а тоа предизвика силен „потрес“ во каталонскиот гигант.

После ова следеа големи протести во Барселона и навивачите бараа оставка од претседателот во кого гледаат главна причина за целата ситуација.

Сега „Марка“ излезе со тврдење дека Бартомеу порачал дека ќе си даде оставка доколку Меси јавно каже дека тоа ќе го натера да остане на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…