Дома Фудбал Бартомеу: Му благодарам на Суарез, тој стана легенда на клубот

Бартомеу: Му благодарам на Суарез, тој стана легенда на клубот

Луис Суарез денес одржа проштална пресконференција на стадионот „Камп Ноу“ и со солзи се прости од Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Луис Суарез во Барселона пристигна 2014 година од редовите на Ливерпул и на 283 натпревари постигна дури 198 гола и имаше 109 асистенции.

Претседателот Бартомеу му се заблагодари на Суарез што навремето ја избрал Барселона, каде се претвори во вистинска легенда.

„Денес е важен ден, зошто испраќаме една легенда од клубот. Пред шест години Луис ја избра Барселона со голема страст, сакам да му се заблагодарам во име на сите Каталонци. Биди среќен како на теренот, така и надвор од него. За тебе Барса секогаш ќе остане дом. Кога ќе заврши оваа пандемија ќе организираме и проштален меч за Суарез“, изјави претседателот Бартомеу.

Од почит кон својот соиграч на пресконференцијата присуствуваа Лео Меси, Жерерд Пике, Серхио Бускетс, Сержи Роберто и Жорди Алба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тонали во Тотенхем за астрономска сума

Поливалентниот среден играч за врска Сандро Тонали е многу блиску да го напушти Њукасл ова…