Дома Топ вести Бартомеу: Меси може да игра и до 45 години

Бартомеу: Меси може да игра и до 45 години

Претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу порача дека Лионел Меси никогаш нема да ги напушти Каталонците.

Аргентинецот во првиот полуфинален натпревар против Ливерпул имаше уште една магична вечер во која го сруши англискиот гигант и обезбеди висока победа за Барселона од 3:0.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Посебно импресивен беше голот на Меси од слободен удар, а после натпреварот како и многу пати претходно се разви дебатата дали тој е најдобриот играч кој се појавил на зелениот тревник.

Во изминатиот период се појавија приказните кои ги имаше и претходно, а тоа е дека Меси ќе ја заврши кариерата во Њуелс Олд Бојс во Аргентина, но Бартомеу тврди дека такво нешто нема да се случи.

„Лео припаѓа на светскито фудбал. Тој ќе биде „one-club“ човек. Никогаш нема да не напушти. И кога ќе престане да игра тој ќе биде со нас“, изјави Бартомеу за „Гардијан“.

Исто така откри и до кога Меси би можел да игра фудбал.

„Тој би можел да игра и кога ќе наполни 45 години, кој знае? Сигурно има уште три, четири или пет сезони, не знам колку точно, колку што тој ќе посака. Се спремаме за денот кога ќе престане на игра. Играчи како Дембеле, Артур или Ленглет тогаш би можеле да бидат носители на тимот, но се уште не размислуваме многу за тоа затоа што има многу време. Мислам дека денот коа ќе се пензионира Меси не е ниту блиску“, порача Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…