Лионел Меси неодамна потпиша нов договор со Барселона до 2021 година, но претседателот на Каталонците, Жозеп Марија Бартомеу тврди дека тоа нема да биде последен договор за Аргентинецот.
Ако остане во Барселона до истекот на актуелниот договор, Меси ќе има 34 години, што значи дека и понатаму ќе му биде прерано да се пензионира од клупски фудбал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Претседателот на клубот, Бартомеу верува дека Меси не само што ќе му остане верен на клубот до завршување на овој договор, туку тој ќе потпише нов, за да се пензионира во дресот на Барселона.
„Ние сме клуб кој игра атрактивен фудбал а за тоа ви се потребни најдобрите играчи. И за среќа го имаме Меси, кој е најдобриот фудбалер во светот. Сакаме да го задржиме не само како играч, туку и како легенда на клубот. Тој има уште неколку години од договорот, но сигурен сум дека ова нема да му биде последен“, сигурен е Бартомеу.