Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот Бенџамин Шешко од Лајпциг.
Овој 20-годишен напаѓач привлече големо внимание на неколку гиганти, а на Островот го нарекуваат „новиот Халанд“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шешко би бил решение за нападот на Барселона во следните години, а Лајпциг за неговите услуги бара 50 милиони евра.
Левандовски е во зрели години и најверојатно ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната, па Каталонците веруваат дека Шешко би бил идеална замена.
Напаѓачот оваа сезона постигна 11 гола и 2 асистенции за Лајпциг, а важи за еден од најголемите таленти во Европа и е на мета на многу европски гиганти.
🚨 Barcelona are interested in Benjamin Sesko, who has a €50m release clause at RB Leipzig! 💰
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 20, 2024
(Source: @mundodeportivo) pic.twitter.com/iCg654Ihja