Дома Фудбал Барселона утре ќе го објави новиот договор на Ансу Фати

Барселона утре ќе го објави новиот договор на Ансу Фати

Барселона и Ансу Фати ги договорија сите детали од новиот договор, пренесуваат шпанските медиуми.

Новиот договор на 18-годишниот талент ќе биде објавен утре на специјална пресконференција како што беше случајот со Педри пред една недела.

Според извештаите новата „десетка“ на Барселона ги договор сите детали и ќе стави потпис на нов договор до 2027 година.

Со новиот договор Ансу Фати ќе добие значително зголемивање на платата и ќе има откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…