Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо на „Камп Ноу“.
Олмо е дете на „Ла Масија“ од каде замина во Динамо Загреб, а веќе неколку сезони игра одлично во Лајпциг.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанецот сака да се врати на „Камп Ноу“, но проблем е што Барселона има фанансиски проблеми и не може да го купи, па ќе се обиде да го доведе на поинаков начин.
Олмо има уште 15 месеци од договорот со Лајпциг и на „Камп Ноу“ сметаат дека би било идеално следното лето да го доведат без обештетување.
Поради тоа стапиле во контакт со агентот и вршат притосок да го одработи до крај договорот со Лајпциг за да го доведат како слободен агент.
Меѓутоа, Лајпциг сака да го продаде на лето за 40 милиони евра, а интерес за Шпанецот покажуваат и клубови од Премиер лигата.