Бразилските медиуми пренесуваат дека Дани Алвес (38) и Барселона ќе се сретнат оваа недела.
Најтрофејниот фудбалер на сите времиња сака да се врати во Барселона, а иако претходно се пишуваше дека Барселона не е заинтересирана изгледа работите се промениле со доаѓањето на Чави.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Легендарниот Бразилец на „Камп Ноу“ настапуваше од 2008 до 2016 година, одигра 391 натпревар, постигна 21 гол и подели 101 асистенција. Со Барселона Алвес освои шест титули шампион, три Лига на шампиони, три клупски СП, два европски Суперкупа и четири кралски купа.
Дани Алвес е најтрофејниот фудбалер во историјата со вкупно 43 титули во клубовите во кој настапуваше. Во последните две години го носеше дресот на Сао Паоло со кој го раскина договорот и сега е слбооден играч.