За да ги зголемат приходите во Барселона изминатите месеци интезивно преговараат со спонзорите кои на Каталонскиот гигант би можеле да му донесат дури 400 милиони евра.
Првиот чекор кон зголемување на приходите беше нов договор со „Најк“, но вистинката работа претставува промена на името на стадионот „Камп Ноу“. Имено, во Барселона за промена на името на стадионот после 30 години бараат сума од 400 милиони евра и за таа цел тие би можеле да соработуваат со компанијата „Ван Вагнер“ која е лидер во подрачјето на спортскиот маркетинг.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според информациите на шпанските медиуми, преговорите на големо се во тек со фирмата „Грифолс“. Се работи за една од најголемите фирми кој се занимава со крвна плаза, а воедно е лидер по дристрибцијата на на лекови во светот. Што е најважно, оваа компанија е токму од Барселона и не го промени своето седиште ниту после реферундумската криза во овој дел од Шпанија.
Идејата е стадионот на Барселона да добие „презиме“, односно покрај своето официјално име да стои и името на нивниот спонзор. Така во случај на договор помеѓу двете страни, стадионот во иднина би можел да се вика „Ноу Камп Грфолс“.