Дома Фудбал Барселона остана без главниот спонзор

Барселона остана без главниот спонзор

Јапонската компанија за онлајн трговска „Ракутен“ ја прекинува соработката со Барселона.

„Ракутен“ е главниот спонзор на каталонскиот клуб, но тој одлучи да не ја продолжи соработката која трае од 2017 година, според која Јапонците и даваат на Барселона 55 милиони евра по сезона за натписот на дресот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата година договорот беше продолжен, но спонзорскиот износ беше намален на 30 милиони евра годишно.

Ќе се смени и спонзорскиот натпис на ракавот на дресот, на кој се рекламира турскиот производител на бела техника „Беко“.

Барселона, сепак, има неколку спонзорски понуди на маса и се надева дека наскоро ќе потпише со нов спонзор, а се споменува дека името на стадионот „Камп Ноу“ би можело да се продаде, со што на клубот ќе му се дадат нови приходи.

Каталонскиот гигант се наоѓа во тешка финансиска ситуација, а со ова уште повеќе ги зголемија грижите на клупскиот претседател Жоан Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…