Дома Фудбал Барселона му должи 52 милиони на Сити, како и 80 на Ајакс и Јувентус

Барселона му должи 52 милиони на Сити, како и 80 на Ајакс и Јувентус

Барселона се уште му должи на Манчестер Сити 52 милиони евра за трансферот на Феран Торес, кој пристигна на „Камп Ноу“ во јануари оваа година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


До овој момент Каталонците уплатиле само 3 милиони евра бидејќи цената на целиот трансфер изнесуваше 55 милиони евра.

Ова го објави „Радио Каталонија“ кој дојде до финансискиот извештај на клубот.

Барселона исто така се уште му должи на Јувентус 36 милиони евра за трансферот на Пјаниќ, како и над 40 милиони евра за Ајакс. Од таа сума 32 милиони се за трансферот на Де Јонг и 10 милиони за Сержињо Дест.

Барселона има долг од 14 милиони евра и кон Ливерпул за трансферот на Кутињо, кој пристигна на „Камп Ноу“ во 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трансфер бомба! Јошко Гвардиол понуден на Реал Мадрид!

Јошко Гвардиол е понуден на Реал Мадрид, пренесува угледниот шпански медиум AS. Зошто проб…