Матијас Де Лихт е еден од најбараните играчи во овој преоден рок, беше блиску до Барселона, но сега и каталонскиот „Спорт“ пишува дека тој нема да заврши во редовите на Каталонците.
Младиот капите на Ајакс е голема желба на шпанскиот шампион, но „Спорт“ тврди дека Барселона не може и не сака да се натпреварува со Јувентус и ПСЖ за Холанѓанецот. Претходно голем број спортски медиуми меѓу кои беше и „Спорт“ тврдеа дека Де Лихт сигурно ќе ја продолжи кариерата во Барселона. Откако неговиот пријател и соиграч од Ајакс Френки Де Јонг го договори трансферот во Барселона, клубот преговараше со неговиот менаџер Мино Раиола и ги договорија платата и условите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона на Де Лихт му понудила шест милиони евра годишно, на што Раиола и играчот се согласиле. Но, неколку месеци подоцна ситуацијата е поинаква. Одличните игри на холандскиот репрезентативец беа причина за него да се интересираат и останатите клубови и тие нудат повеќе од Барселона.
Како што пишува „Спорт“, Јувентус му понудил 10 милиони евра годишно, а неодамна ПСЖ на Раиола му соопштил дека тие можат да му обезбедат плата од 12 милиони евра, што е дури двојно повеќе од Барселона.
Од Барселона повторно го побарале Де Лихт и му порачала дека нема намера да ја зголемува понудата и дека тие шест милиони евра се максимумот кој можат да му го понудат. Ист таков договор доби Де Јонг.
За крај „Спорт“ тврди дека целата сапуница со Де Лихт ќе заврши до 1-ви јули.