Барселона и Атлетико Мадрид во последните години изгледа навистина сакаат да соработуваат.
Неодамна новинарот Рубен Урија откри дека Роберт Левандовски би можел да биде предмет на преговори меѓу Барса и Атлетико, а сега пристигнуваат нови информации дека „јорганџија“ би можел да стане и Иниго Мартинез.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Страшниот напредок и формата на младиот Пау Кубарси ги принуди челниците на клубот да ги променат своите летни планови. Кубарси ќе стане стандарден првотимец, а најверојатно и стартер, што значи дека на трансфер листата би можел да се најде и Иниго Мартинез.
Не очекуваше да одигра толку мала минутажа кога пристигна, а воедно конкуренција му се Кубарси и Андреас Кристенсен, а тука е и Жил Кунде доколку се врати на стоперската позиција.
Наводно, Мартинез не би имал ништо против да се пресели во Атлетико доколку Диего Симеоне му вети значајна улога, што исто така е многу веројатно. Имено, Марио Хермосо ќе го напушти клубот како слободен играч доколку не потпише нов договор, па Симеоне би имал потреба од левоног стопер.