Дома Трансфер зона „Барселона е сон за Пјаниќ, заљубен е во тој клуб и не пропушта нивни натпревар“

„Барселона е сон за Пјаниќ, заљубен е во тој клуб и не пропушта нивни натпревар“

Каталонскиот спорт имаше интервју со Адис Јунузовиќ еден од најдобрите пријатели на Миралејм Пјаниќ и човек кој долги години го следи босанскиот репрезентативец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој со новинарите на „Спорт“ разговараше на разни теми, а секако една од нив беше Барселона. Пјаниќ во претходните денови на големо се поврзува со Каталонците, а изјавата на Јунузовиќ ќе биде причина за дополнителни шпекулации.

„Не би требало ова да ви го кажам, но Барселона секогаш беше сон за Пјаниќ. Не пропушта ниту еден натпревар на Барселона, секако кога нема обврски. Тој е заљубен во стилот на игра и филозофијата на клубот. Не е точно дека секогаш го сакал Реал Мадрид како што се зборуваше. Да, како фудбалер го сакаше Зидан и веројатно од таму произлегуваа тие приказни. Мире ја сака ДНК-та на Барса во тоа нема никакви сомнежи“, изјави Јунузовиќ.

Јувентус и Барселона веќе некое време преговараат за Пјаниќ меѓутоа засега договор помеѓу двата клуба нема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…