Дома Трансфер зона Барселона добила понуда за Јамал да стане втор најплатен фудбалер во историјата?!

Барселона добила понуда за Јамал да стане втор најплатен фудбалер во историјата?!

Пари Сен Жермен работи и се подготвува за „живот без“ Килијан Мбапе, а како што пренесуваат шпанските медиуми ново име на листата за негови можни наследници е Ламин Јамал.

Марка денеска објави дека ПСЖ подготвил понуда од дури 200 милиони евра, но Барселона не сакала ниту да преговара за продажба на Јамал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сумата од 200 милиони евра би го направила Јамал втор најголем трансфер во историјата на фудбалот. На првото место е Нејмар кој исто така од Барселона се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра.

Оваа понуда за Јамал ја соопштил неговиот агент Жорж Мендеш кој во текот на изминатата недела беше виден во Барселона, а медиумите претпоставуваа дека се појавил во просториите на клубот да преговара за иднината на Жоао Феликс и Кансело.

Сепак, во Каталонија се свесни дека Јамал ​​е иднината може да биде и нивни главен играч во наредните години, па затоа и ќе направат се за да го задржат. Не треба да се зборави дека во јуни тој полни 17 години, а веќе прикажува одлични настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен спреми рекордна понуда за Тео Хернандес

Баерн Минхен на лето најверојатно ќе остане без Алфонсо Дејвис, па веќе ја започна потрага…