Каталонскиот клуб Барселона е на добар пат да добие нова финансиска инјекција од 330 милиони евра, пренесуваат шпанските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако неодамна клубот добива 207 милиони евра со продажбата на 10% од телевизиските права за следните 10 години, сега е на пат да комплетира уште една зделка.




Сега каталонскиот клуб ќе продаде 49% од сестринската компанија „БЛМ“, која се занимава со марчендајзинг на клубот и ќе добие 330 милиони евра.
Со овие средства клубот ќе може финансиски да се рехабилитира и да биде активен на трансфер пазарот.




Медиумите очекуваат дека после трансферот на Рафиња, Барселона сега да тргне во финализирање на трансферот на Левандовски, а не е исклучено пристигнување на уште една ѕвезда како Кунде или Бернардо Силва.