Дома Трансфер зона Барселона: Де Лихт беше прескап и нема доволно потенцијал

Барселона: Де Лихт беше прескап и нема доволно потенцијал

Каталонски „Спорт“ објави разговор со неименувам човек од стручниот штаб на Барселона кој објасни зошто клубот го препуштил Де Лихт на Јувентус.

Откако Барселона во текот на летото го договори Френки Де Јонг од Ајакс за 75 милиони евра се очекуваше нешто слично да се случи и со Матијас Де Лихт.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Де Лихт навистина бил на радарот на Барселона, но Каталонците се откажале.

Изворот на „Спорт“ тврди дека во Барселона го следела Де Лихт, меѓутоа се откажала затоа што не виделе доволно потенцијал во него!?

„Де Јонг го следевме две години, секоја недела. Се убедивме дека тоа играч со посебен талент и мета кон која треба сериозно да се насочиме. Гледајќи го сега во Барселона после само два тренинзи можам да потврдам дека е импресивен играч. Едноставно тој е играч каков што нема друг на пазарот“.

Де Лихт?

„Де Лихт ни се допаѓаше и исто така го следевме, тоа воопшто не е тајна, но убедени сме дека неговата цена требаше да биде пониска. Како поради позиција на која игра така и поради неговиот потенцијал“, зборувал човекот од таборот на Барселона.

Ова звучи навистина чудно затоа што за Де Лихт во овој момент многумина ќе кажат дека е фудбалерот од кој најмногу се очекува во иднина, барем кога се стоперите во прашање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната следната дестинација на Марко Ројс?

Марко Ројс на крајот од сезоната ја напушта Борусија Дортмунд, а кариерата би можел да ја …