Каталонскиот гигант Барселона покажува сериозен интерес за левиот бек на Челзи, Маркос Алонсо, пренесува „Мундо Депортиво“.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
После заминувањето на Фирпо, Барселона на таа позиција го има само Жорди Алба, па сака да донесе валидна алтернатива, а прва цел е Маркос Алонсо.




Алонсо е во Челзи од 2016 година, но во последно време го загуби првотимскиот статус и е спремен да ја промени средината.




31-годишниот Шпанец на лето влегува во последната година од договорот, па и Челзи е спремен да го продаде, а неговата цена сигурно нема да биди висока и ќе биде прифатлива за Каталонците.