Италијанските медиуми пренесуваат дека Барселона е сериозно заинтересирана за дефанзивецот на Фиорентина и српски репрезентативец Никола Миленковиќ.
Миленковиќ игра одлично во дресот на „виолетовите“ и се етаблираше во еден од најдобрите стопери во Серија А, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека Фиорентина е спремна да го разгледа понудите во јануарскиот преоден рок, па Каталонците сакаат да ја победат конкуренцијата.
За 22-годишниот српски репрезентативец интерес покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, па се очекува голема битка за неговиот потпис.
Барселона сака да ја засили дефанзивната линија и е спремна да понуди 40 милиони евра за Миленковиќ, па останува да видиме дали тоа ќе ги задоволи апетитите на Фиорентина.