Дома Трансфер зона Барселона го продава Кутињо за „смешни“ пари

Барселона го продава Кутињо за „смешни“ пари

Барселона има големи финансиски проблеми и мора значително да го намали буџетот за плати за следната сезона, пренесуваат шпанските медиуми.

Поради тоа Каталонците сакаат да се ослободат од неколку фудбалери со високи примања, кои не се во плановите на тренерот Куман.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прв на листата е Кутињо, Барселона сака да се ослободи од неговата висока плата и да спаси дел од големите бонуси кои треба да му ги плати на Ливерпул.

Јасно е дека за Кутињо нема голем интерес, па каталонските медиуми тврдат дека Барселона е спремна да го пушти за само 20 милиони евра, што е за цели 140 милиони евра помалку од сумата која ја платија за да го донесат.

Барселона минатата сезона за плати потроши 347 милиони евра, а тој трошок мора да се сведе до 160 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“ од Италија: Рома сака големо засилување од Јувентус

Eкипата на Рома предводена од Даниеле де Роси наводно покажала голем интерес за доведување…