Дома Фудбал Лига на шампиони Барселона го отвори „Ноу Камп“: Секој кој ќе плати 300 евра може да игра еден час!

Барселона го отвори „Ноу Камп“: Секој кој ќе плати 300 евра може да игра еден час!

Финансиската состојба во Барселона e нешто подобро за разлика од пред неколку месеци, но и понатаму таа не е на нивото на кое треба да биде, а тоа го покажува и последниот потег на раководството.

На почетокот на ова сезона Лионел Меси мораше да замине, додека Пике и Бускетс останаа откако драстично им беа скратени платите., Со доаѓањето на Чави резултатите се подобрија, сезоната беше спасена со обезбеденото место во Лигата на шампионите. Сепак финансиите се уште не се поволни.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Договорени засилувања веќе се Франк Кеси и Андреас Кристенсен, но и тука се појавија проблеми во регистрацијата поради финансиите. Кризата во Барселона може да се забележи и со последниот потег на клубот.

Имено, во период од 6. до 11. јуни секој кој ќе плати 300 евра ќе има прилика да игра еден час на „Ноу Камп“ и тоа после 15-минутно загревање.

Дека минуваат низ очајна фаза во Барселона покажува и последната понуда до сите навивачи кои ќе имаат можност да играат на теренот на славниот „Ноу Камп“.

Имено, во периодот од 6 до 11 јуни секој што ќе плати 300 евра ќе има можност да игра на Ноу Камп еден час по 15-минутно загревање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…