Maрсело Брозовиќ по осум ипол години во Интер заминува од редовите на „нероаѕурите“, единствена дилема е заминува во Барселона или кај Роналдо во Ал Наср. Во текот на вчерашниот ден се појави вест дека Хрватот веќе има договор со саудискиот клуб.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според најавите Брозовиќ прифатил понуда од 15 милиони евра по сезона, а Интер се согласил на оштета од 18 милиони евра. Но, наводно сега во целата приказна се вклучила и Барселона.
Јасно дека Барселона не може да му понуди ниту блиску плата како што му нудат Саудијците, се шпекулира за 7.5 милиони евра по сезона. За Барселона е проблем финансиската ситуаци и најмнигу работи на доведување играчи без оштета.
За Брозовиќ се најавуваше дека би можеле да понудат размена за Франк Кеси за што и претходно се пишуваше. Како и да е засега се уште изгледа дека Ал Наср е поблиску до потписот на Хрватот, но останува да видиме што ќе се случува.