Чави спрема големи промени во тимот на Барселона, а изгледа дека нема да има недодирливи, па медиумите тврдат дека на продажба ќе бидат и Тер Штеген и Де Јонг.
Френки Де Јонг во Барселона дојде пред две сезони и за него Каталонците платија 75 милиони евра. Во клубот се задоволни од тоа што го прикажува, меѓутоа тој е еден од ретките кои можат да ја наполнат касата, а да имаат замени. Наводно Чави смета дека Гави, Педри, Нико Гонзалес и Рики Пуиг можат да го заменат Де Јонг.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона е спремна да го продаде доколку за Холанѓанецот пристигне понуда од 80 милиони евра, а неколку клубови од Премиер лигата се заинтересирани за него.
Што се однесува до Тер Штеген за него Каталонците бараат 40 милиони евра, бидејќи сметаат дека за многу помала сума можат да купат друг квалитетен голман.