Дома Топ вести Барселона ги закажа претседателските избори – кој ќе го наследи Бартомеу?

Барселона ги закажа претседателските избори – кој ќе го наследи Бартомеу?

Tимот на Барселона минува низ големи проблеми, а ситуацијата го достигна врвот кога Лионел Меси побара да замине.

Аргентинскиот фудбалер беше блиску до трансфер во Манчестер Сити, но Барселона не прифаќаше никаква спогодба за раскинување на договорот и бараше само 700 милиони евра колку и што изнесува откупната клазула на Меси. Јасно беше дека тоа е сума која Сити или некој друг клуб не може да ја плати.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во интервјуто во кое Меси потврди дека ќе остане во Барселона само за целата работа да не заврши на суд и ќе почека да му истече договорот уште една сезона кажа и дека Бартомеу и останатите од управата се главниот проблем. Меси смета дека Бартомеу не го води клубот во насоката во која треба и затоа Барса имала лоши резултати во Лигата на шампионите.

Навивачите застанаа на страна на Меси и бараа оставка од Бартомеу, а дека неговиот збор се слуша во Барселона потврди и самиот клуб со тоа што ги закажа изборите на 20. и 21. март следната година.

Скоро сигурно е дека Бартомеу на тие избори ќе биде сменет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…