Дома Фудбал Барселона без Жорди Алба до крајот на годината

Барселона без Жорди Алба до крајот на годината

Шпанскиот дефанзивец се повреди во натпреварот помеѓу Баерн и Барселона (3:0) во средата во натпреварот од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради таа повреда Алба нема да биде во конкуренција за настап до крајот на годината. 32-годишникот заработи истегнување на мускулот и ќе паузира околу еден месец. Алба така ќе ги пропушти натпреварите во Ла Лига против Осасуона, Елче и Севиља. Нема да биде во комбинација и за настап на пријателскиот натпревар против Бока Јуниорс на 14. декември на „Диего Марадона“.

Очекувањата се Алба да се врати на почетокот на 2022 година. Сезонава одигра 16 натпревари запиша пет асистенции, но се уште е без постигнат гол. Неговата повреда ќе биде само уште еден проблем за тимот на Чави кој испадна од Лигата на шампионите не е баш најдобро пласиран во домашното првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Полноќна „бомба“ од „Енфилд“: Ливерпул направи шокантен трансфер!

Ливерпул вечерва заврши шокантен трансфер. Нов играч на Црвените стана шпанскиот фудбалер …