Раководството на Барселона одбило понуда од 13 милиони фунти за Ракитиќ од клуб од Премиер лигата откриваат шпанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Барселона е спремна да го пушти Ракитиќ во зимскиот преоден рок, но оваа понуда смета дека е премногу ниска.
Имено, каталонските медиуми откриваат дека Барса за слободата на 31-годишниот плејмејкер бара 30 милиони евра.
Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид, Милан и Интер се клубовите кои покажуваат сериозен интерес за Ракитиќ. Каталонски „Спорт“ открива дека Хрватот преферира преселба во Серија А, но италијанските клубови се спремни да го донесат само на позајмица.
Договорот на Ракитиќ со Барселона истекува во 2021 година, па клубот од Камп Ноу ќе направи се за да ја добие бараната сума во јануари.