Дома Трансфер зона Барса тргнува по бившиот играч на Реал Мадрид

Барса тргнува по бившиот играч на Реал Мадрид

Левиот бек на Милан, Тео Хернандес е голема желба на раководството на Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Каталонците планираат ова лето да испратат понуда за 22-годишниот дефанзивец, кој игра одлична сезона во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа. Хернандес оваа сезона постигна 6 гола во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан го купи Хернандес минатото лето од Реал Мадрид за 20 милиони евра, но неговата цена драстично порасна после добрата сезона.

„Марка“ тврди дека Хернандес нема ништо против да се врати во Шпанија и да го облече дресот на големиот ривал, но Милан тешко ќе се откаже од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…