Дома Топ вести Барса стравува, Умтити потврди: Имам понуди, се е можно!

Барса стравува, Умтити потврди: Имам понуди, се е можно!

Иднината на Самуел Умтити веќе подолго време е главна тема во спортските медиуми, а после оваа негова изјава, јасно е дека е неизвесно каде ќе ја продолжи кариерата.

Имено, Умтити во разговор со француските медиуми откри дека има неколку понуди од заинтересирани клубови.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Вистина е дека има заинтересирани клубови кои веќе ми испратија понуди. Но, тоа во моментов не ме интересира бидејќи сум фокусиран на завршетокот на сезоната. Меѓутоа, во фудбалот работите се случуваат брзо. Свесен сум дека откупната клаузула од 60 милиони евра не е голема. Сега размислувам само на теренот, останатото ќе го решам кога ќе заврпи сезоната“, изјави Умтити.

Иако медиумите тврдеа дека Барселона му нуди нов договор, Умтити потврди дека преговорите се уште не се започнати.

„Барселона се уште не започнала преговори со мојот агент. Можеби клубот сака да ми понуди нов договор, но се уште ништо не е отворено. Во фудбалот се е можно, видовте што се случи со Нејмар“, заклучи Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Артета носи големо засилување во борбата за титулата

Арсенал е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, прене…