Дома Фудбал Барса се засилува пред да се отвори пазарот: Најскапото засилување се враќа на терените!

Барса се засилува пред да се отвори пазарот: Најскапото засилување се враќа на терените!

Најскапото засилување во историјата на Барселона, Осман Дембеле ќе биде подготвен за дерби натпреварот против Реал Мадрид.

Францускиоит репрезентативец потврди дека наскоро ќе започне со тренинзи што значи дека би можел да заигра на „Ел Класико“ кое ќе се одигра на 23-ти декември.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ќе почнам со тренинзи со екипата за две недели. Заздравувањето оди добро”, изјави Дембеле.

Дембеле ова лето пристигна на „Камп Ноу“ за 105 милиони евра како замена за Нејмар, но веднаш се здоби со повреда која го извади од терените подолго време.

Нема сомнеж дека со неговото враќање Барселона ќе биде уште посилна, особено во нападот каде што ќе има повеќе опции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Билд: Ова е тајниот список на Баерн со играчи кои сакаат да ги донесат

Во тековната сезона, за прв пат по 12 години, Баерн остана без ниту еден трофеј. Во Бундес…