Дома Топ вести Барса нема да ја плати клаузулата за Лаутаро

Барса нема да ја плати клаузулата за Лаутаро

Раководството на Барселона нема намера да ја активира откупната клаузула на Лаутаро Мартинез, пренесува „Мундо Депортиво“.

Весникот кој е добро информаран за случувањата во Барселона денес открива дека Барса останува заинтересирана за Лаутаро, но нема намера да плати 111 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


22-годишниот Аргентинец е приоритет на Каталонците за засилување на нападот ова лето, но Интер не сака да слушне за продажба и бара за биде платена откупната клаузула. Меѓутоа, поради финансиските загуби и промените на трансфер пазарот Барселона смета дека таа сума во моментов е превисока.

Барселона ќе се обиде да го донесе Лаутаро така што во понудата да вклучи свои играчи кои би можеле да се преселат во Интер. Се споменуваат Ракитиќ и Видал, играчи кои му се допаѓаат на Антонио Конте, но „нероаѕурите“ тешко дека ќе прифатат трампа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…