Дома Трансфер зона Барса може да го загуби Дембеле за нула евра

Барса може да го загуби Дембеле за нула евра

Барселона се наоѓа во голем проблем, бидејќи може да го загуби Осман Дембеле без обештетување.

Имено, како што пренесуваат шпанските медиуми Дембеле одбил да го продолжи договорот, а во Барселона претпоставуваат дека ќе го почека истекот на договорот за да си замине како слободен играч.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Договорот на Дембеле со Барселона истекува на 30 јуни 2022 година, но тој наводно ги одбил сите можности за продолжување на соработката.

Се уште има доволно време да се променат работите и во Барселона веројатно ќе се обидат да го убедат да стави потпис на нов договор.

Најсилен интерес за Дембеле покажуваат Јувентус, Манчестер Јунајтед и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…