Дома Топ вести Барса можеби сака да го продаде Дембеле, но има проблем „тежок“ 40 милиони евра!

Барса можеби сака да го продаде Дембеле, но има проблем „тежок“ 40 милиони евра!

Во последно време многу се шпекулира дека Барселона сака да го продаде Дембеле, но Каталонците се соочуваат со голем проблем доколку сакаат да го реализираат тој план.

Дембеле пристигна од Борусија Дортмунд како големо засилување, но неговиот проблематичен однос и проблемите кои ги прави надвор од теренот ги натераа Каталонците да размислуваат за негова продажба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, германски „Велт“ денес пишува дека продажбата на 21 годишниот крилен играч нема да оди така лесно бидејќи педантните луѓе од Дортмунд успеале да издејствуваат посебна клазула во договорот на Дембеле.

Имено, во договорот на фудбалерот постои клазула според која ако Барселона го продаде Дембеле пред јуни 2022 година (до кога има важност актуелниот договор на Французинот) – мора на Германците да им ги исплати сите премии и бонуси во договорот. Тоа воопшто не е мала сума и изнесува 40 милиони евра!

Со оглед на тоа дека Барселона за потписот на Дембеле плати 105 милиони евра, целиот трансфер во тој случај би достигнал вредност од 145 милиони евра.

Ова во превод значи дека дури и Барселона да го продаде Дембеле за 80 милиони, што е максимумот, Каталонците би биле во минус од 65 милиони евра! Ниту тоа не е мала сума, а може да биде само поголема бидејќи прашање е колку можат да ги добијат и тие 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…