Барселона во изминатите два преодни рока купи двајца Бразилци, Кутињо и Малком, кои не ги оправдаа очекуавњата на „Камп Ноу“.
Сепак, шпанските медииуми пренесваат дека Каталонците и ова лето ќе тргнат по нов Бразилец, а станува збор за ѕвездата на Евертон, Ричарлисон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барселона е во потрага по напаѓач кој ќе може да биде поддршка на Меси и Суарез, па изборот паднал токму на Ричарлисон, кој блеска во Премиер лигата.
Барселона е во одлични односи со Евертон, минатото лето таму испрати тројца фудбалери, па тоа би можело да го олесни трансферот.
„Карамелите“ минатото лето платија 55 милиони евра за Бразилецот, па за неговата слобода бараат високи 80 милиони евра.
Меѓутоа, Каталонците можат во трансферот да го вклучат Андре Гомеш, кој е на позајмица во Евертон, па така да ја намалат целата на Ричарлисон.
Ричарлисон оваа сезона запиша 35 настапи за Евертон во сите натпреварувања, постигна 13 гола и 2 асистенции.
За овој 21-годишен крилен напаѓач интерес покажуваат уште неколку европски гиганти, но Барса е спремна да ја победи конкуренцијата.