Дома Топ вести Барса и ПСЖ ја спремаат најскапата трампа во историјата

Барса и ПСЖ ја спремаат најскапата трампа во историјата

Барселона нема среќа со скапите засилувања во последно време. Минатото лето плати 120 милиони евра за Гризман, но Французинот се уште не го покажа својот квалитет на „Камп Ноу“.

Гризман требаше да биде големо и долгорочно засилување за Каталонците, но не се снаоѓа баш најдобро на „Камп Ноу“, а навивачите немаат трпение.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во шпанските медиуми се шпекулира дека Гризман би можел по само една сезона да ја напушти Барселона, а каталонски „Спорт“ објави дека Французинот не е задоволен со ситуацијата.

Наводно, интерес за Гризман покажаува ПСЖ кој со години се обидува да го ангажира, па парижаните сигурно ќе сакаат да го купат ако Французинот реши да ја напушти Барселона.

Познато е дека Барса е силно заинтересирана за услигите на Нејмар, па можно е да дојде до трампа помеѓу двете скапи ѕвезди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тренерска летна „бомба“ – Унаи Емери?!

Eкипата на Баерн Минхен се уште активно бара нов тренер, а сега на списокот желби наводно …